Search

Халанд по само шест меча стигна до 10 гола, Роналдо по 70 натпревари

Норвешкото чудо од дете Ерлинг Халанд почна да ги оправдува очекувањата на тренерот Пеп Гвардиола, откако по само шест настапи во Премиерлигата постигна 10 гола и дефинитивно е главен фаворит за освојување на „златната копапчка“.

На Халанд му беа потребни само шест настапи за да стигне до 10 погодоци во првенството што е навистина импресивен податок посебно ако се спореди со Кристијано Роналдо на кој за 10 гола во Премиерлигата му беа потребни дури 70 настапи во шампионатот.

Иако мора да се признае дека сепак Роналдо играше во Јунајтед со голем број ѕвезди како Руд Ван Нистелрој, Вејн Руни и конкуренцијата беше многу поголема за разлика од сега во Манчестер сити, каде што Халанд е главна ѕвезда на „граѓаните“.

Треба да знаете
Последни објави