Search

Победничката серија на Арсенал заврши на „Олд Трафорд“

Манчестер јунајтед нанижа и четврта последователна победа во англиската фудбалска премиерлигашка конкуренција со триумфот во дербито на 6. коло против лидерот Арсенал (3:1) на „Олд Трафорд“.

Избраниците на тренерот Ерик Тен Хаг по двата стартни порази влегуваат во посакуваниот ритам. Во фокусот на вниманието на овој дуел беше Маркус Рашфорд кој даде два гола и  асистираше за првиот гол на Антони во дресот на „црвените ѓаволи“. За Арсенал за кого ова беа први загубени бодови и прв пораз во сезоната, во листата на стрелци се запиша Сака.

„Топчиите“ остануваат на првото место со 15 бода пред Манчестер сити и Тотенхем, додека Јунајтед е 5. со 12 поени.

Треба да знаете
Последни објави