Search

Пиоли: Добро ги прочитавме-Инзаги: Заслуживме реми

Првото големо „Дерби дела мадонина“ во новата сезона му припадна на Милан, откако актуелниот првак во Италија фантастично одговори на предизвикот кој го добија од страна на играчите на Инѕаги.

Интер поведе рано со голот на Брозовиќ и подобро го отвори дербито, но после тоа следешеш максимална доминација на Милан, се до 65-та минута од средбата.

Во овој период, Леао постигна два гола и му намести еден на Жиру, па негативата од 3:1 беше преголема за надокнадување во завршните 30 минути. Интер се обиде да стигне до израмнување и беше блиску до тоа, но голманот Мењон не дозволи такво нешто и на крајот трите бода ги освоија „росонерите“.

– Дербито беше добро избалансирано на стартот, а потоа ние дадовме убав гол. После примениот гол за израмнување на мечот, имавме блокада. Едноставно имавме помрачување од 30 минути и тоа не чинеше уште два гола.Поради тоа го загубивме дербито, тоа е причината за поразот. Постигнавме два убави гола од изработени акции, но примивме три кои не смеат да се дозволат, особено не на дерби меч. На крајот загубивме и мора да го прифатиме поразот, иако гледајќи ги шансите, во најмала рака заслуживме реми. Сепак, јас како тренер ја преземам одговорноста за помрачувањето во тие 30 минути, едноставно моравме да бидеме подобри, изјави Симоне Инзаги.

Тренерот на Милан, Стефано Пиоли рече дека победата над Интер не е случајна, туку се должи на добро анализираната игра на градскиот ривал.

– Натпреварот беше важен. Противниците сакаа да не победат, но ние игравме како одлична екипа 70 минути. Потоа се опуштивме. Имам извонредни играчи кои имаат огромна енергија. Среќен сум. Добро ја прочитавме играта. Не силувавме. Ми се допаѓа кога тимот игра зрело. На секоја топка пристапивме со вистинскиот жар. За нашиот двоен стрелец Леао ќе кажам дека за да се развиеш треба да имаш талент и интелигенција. Рафа ги има двете карактеристики. На младите треба да им се даде време да грешат и да учат. Тој е важно оружје за тимот, истакна Пиоли.

По пет одиграни средби во Серија А, Милаен е на делба на првото место со Наполи со по 11 бодови, интер е шести со девет бода.

Треба да знаете
Последни објави