Search

На трудницата и отстраниле рак од бубрег од 11 сантиметри

Тим лекари од Клиничкиот центар во Србија за првпат извршил успешно лапароскопско отстранување на рак на бубрег на трудница, 31-годишна мајка на двегодишно девојче, која е во 27-та недела од бременоста.

„Се чувствувам добро, тоа е најважно, а бебето е одлично, тоа ми е подарок. Имаше доволно страв, сите ме охрабруваа да бидам храбра и силна и некако успеав“ – рекла трудницата и додала дека бебето ќе се вика Теодора.

Лапароскопската интервенција траела околу два часа. На жената и бил отстранет бубрегот поради рак од 11 сантиметри.

Во операционата сала на Клиниката сите биле во страв бидејќи оваа процедура се прави на трудница за првпат, а сите биле на иста задача – да се уверат дека и бебето и мајката се добро.

„Сè на сè, лесно е да се биде херој на крајот од битката, но битката беше сè само не лесна, во некои доцни попладневни часови, кога отидов да го посетам пациентот, дополнително, кога по ултразвучниот преглед видов дека срцевото дејство било присутно и кај плодот, знаете што – ве потсетува зошто се занимаваме со оваа работа“ изјавил за српските медиуми д-р Борис Кајмаковиќ, раководител на тимот за лапароскопска хирургија на Уролошката клиника.

„Знаењето, искуството, желбата да се помогне е основната работа, соработката со гинеколози во Белград овој пат постоела отсекогаш, за прв пат во историјата на Клиниката за урологија тим од лапароскопски хирурзи од нашата клиника направи значаен зафат“ – истакнал проф. д-р Зоран Џамиќ, директор на Клиниката за урологија.

Ракот на бубрегот е рангиран од осмо до десетто место во статистиката за малигни заболувања.

Треба да знаете
Последни објави