Search

Манџуковски ќе ја промовира книгата 21 Г.℗” – збирка стихови откорнати од душата

Македонскиот автор Тони Манџуковски Манџук, утревечер, ќе ја промовира својата најнова книга 21 Г.℗” – збирка стихови откорнати од душата.
Промоцијата ќе се одржи во 20 часот во преддворјето на храмот Св. вмч. Димитриј во Скопје.

Книгата ќе ја промовираат рецензентите Ефтим Клетников и Владимир Мартиновски, а на промоцијата ќе учествуваат и Жаклина Стевковска, Џинас Папа Џокси, Јована Зајков и етно класичниот хор Серенада.

Манџуковски досега објавил неколку книги “Скалила кон градот на пингвините” (1999, збирка проза, поезија и фотографии), “Скршениот шестар” (2001, еколошка бајка во 9 чина), “Аквадукт” (2005, дузина кратки раскази), “Анализа на електромагнетните појави во двобрзински еднофазен асинхрон кондезаторски мотор” (2013, магистерски труд), “Аманет” (2015, дуодрама) и “Како ти и јас / Kao ti i ja / Like you and me” (2020, љубовно патеписна тројазична поема – импресија од младоста на Никола Тесла).

Сите книги се проследени со промоции преку перформанси: “Не е се во симболите, има нешто и позади нив” изведен во Музејот на град Скопје од Тони Михајловски и сајбер групата пингвини, “Светот на мултитривијалноста” изведен во Музејот на современа уметност од Дејан Лилиќ, Ирена Ристиќ, Јана Стоиќ и Давор Петровски, “Корените од Аквадуктот” изведен покрај скопскиот аквадукт од Дејан Лилиќ, Данило Коцевски и етно групата Монистра, “Аманет”изведен во Етнолошкиот музеј од Ирена Спировска и Јово Брамс и “Како ти и јас” изведена на Скопско Лето online од Тесла Бар од Сашко Коцев и авторот.

Треба да знаете
Последни објави