Дабл-дабл на Јанис во победата над Италија, Франција подобра од Литванија

Во дербито на третиот натпреварувачки ден на Евробаскет 2022, Грција синоќа во Милано ја совлада Италија со 85:81.
Грците, благодарение на одличната игра во одбраната, постојано без во водство.
Во првото полувреме ја одржуваа разликата на седум поени. В второто полувреме дојдоа и до двоцифрена предност.

Италија во живот ја врати Симоне Фонтекио со две тројки. Грците сепак го одбија тој налет.
И кога се чинеше дека Грција рутински ќе го финишира натпреварот, Италија повторно преку Фонтекио се врати. Дојдоа до негатива од три поени, имаа два шута за продолженија (Фонтекио и Тонуто) но не успеаја да погодат.

На крајот најефикасен беше Фонтекио со 26 поени, додека Полонара имаше 14 поени и 10 скока, а Тонут постигна 13 поени. Во грчкиот тим Јанис Адетокумбо постигна 25 поени и 11 скока, додека Тајлер Дорси реализираше 23 поени. Натурализираниот Американец погоди шест тројки од 10 обиди.

И по две одиграни кола, литванската репрезентација уште е без победа откако денеска загуби и од Франција со 73-77.

Литванците имаа +13 во првата четвртина и го контролираа резултатот до средината на последниот квартал, но како и во дуелот со Словенија, останаа со празни раце. Неочекуван херој на „триколорите“ беше малку познатиот Теренс Тарпи кој во финишот имаше неколку корисни потези, а натпреварот го заврши со осум поени (2/2 за три), четири скока, четири украдени топки и една блокада.
Тој ја иницираше и серијата од 9-0 со која Франција од негатива од два поена, дојде до +7 на две минути пред крајот на натпреварот. Сепак, ништо од тоа немаше да биде возможно да не беше одличниот Еван Фурние кој постигна 27 поени и беше единствен во француската селекција со двоцифрен број поени.

Кај Литванија, која во последните три кола ќе се бори за место во осминафиналето, а ја очекува и дуел со домаќинот Германија, Валанчиунас беше најефикасен со 15 поени.

Резултати на саботните средби (2. коло) на ЕП во кошарка:
Црна Гора – Белгија 76:70
Финска – Полска 89:59
Велика Британија – Хрватска 65:86
Германија – Босна и Херцеговина 92:82
Бугарија – Турција 87:101
Естонија – Украина 73:74
Чешка – Србија 68:81
Литванија – Франција 73:77
Грузија – Шпанија 64:90
Унгарија – Словенија 88:103
Грција – Италија 85:81
Холандија – Израел 67:74.

По две победи и без пораз досега имаат: Шпанија и Турција (А-група), Германија и Словенија (Б-група), Украина и Грција (Ц-група), Србија и Израел (Д-група).

Треба да знаете
Последни објави