Search

Веспрем е старо-нов шампион во СЕХА-лигата

Унгарскиот Веспрем  е старо-нов шампион во регионалната ракометна СЕХА-лига, откако вечерва во финалето од завршниот турнир кој се одржа во Задар го совлада хрватскиот првак Загреб (32:30). Ова е петти трофеј за Веспрем во регионалната СЕХА-лига по што се израмни со Вардар по бројот на шампионските титули. Загреб остана на само еден трофеј во 11 изданија на регионалното натпреварување.

Веспрем до својот петти шампионски трофеј во регионалното натпреварување стигна по голем резултаски пресврт во второто полувреме. Избраниците на Момир Илиќ се соочија со сериозен предизвик откако по првото полувреме на пауза заминаа со негатива од шест погодоци.

Хрватскиот шампион одигра фантастично во првото полувреме. Словенецот Панјтар бранеше извонредно (10 одбрани во првото полувреме), овозможувајќи лесни погодоци на спротивната страна. Од минута во минута предноста за хрватскиот шампион се зголемуваше, па со двата гола на Дибиров во последната минута замина на одмор со водство од 19:13.

Јахија со седум гола беше најефикасен во победничкиот тим, по пет погодоци за Веспрем постигнаа Лауге, Штрлек и Мае, додека кај Загреб најдобар поединец повторно беше Чупиќ, реализирајќи осум гола од десет обиди.

Треба да знаете
Последни објави