Довициозо се повлекува од Мото ГП

Големата награда на Сан Марино беше последната за Андреа Довициозо во Мото ГП серијата. Довициозо заврши на 12. место.

Пилотот на „RNF” помина 15 сезони во премиерната класа и три пати заврши на второто место во поединечна конкуренција.

Покрај тоа, Андреа е шампион во категоријата до 125 кубика од 2004 година.

Во Мото ГП, Довициозо возеше за Хонда, Јамаха и Дукати, забележа 15 победи и освои 62 подиуми.

Во преостанатите трки во сезоната 2022, замена за Италијанецот ќе биде Кал Кратчлоу.

Треба да знаете
Последни објави