Search

Прв пораз на Дуплантис оваа година

Арман Дуплантис, на митингот во Брисел го доживеа првиот пораз оваа сезона. Синоќа, од Швеѓанецот беше подобар Ернест Џон Обиена од Филипините.

Дуплантис, оваа година неколку пати го соборуваше светскиот рекорд и во сала и на отворено, не беше расположен скока за него скромни 5,81 метар. Обиена победи со 5,91.

Покрај Дуплантис, во Брисел, првиот пораз сезонава го забележа и Шели-Ен Фрејзер-Прајс. Спринтерката од Јамајка, на трката на 100 метри за една стотинка загуби од Шерика Џексон. Фрејзер-Прајс имаше време 10.73 секунди.

Треба да знаете
Последни објави