Search

ГН на Холандија: Ферстапен ќе стартува од пол – позицијата

Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен, ќе стартува од првото место на утрешната трка во Формула 1 за Големата награда на Холандија, откако беше најбрз на денешните квалификации во Зандворт.

Актуелниот светски шампион и лидер во генералниот пласман постигна време од 1:10, 342 минути и беше за 0.021 секунди побрз од возачот на Ферари, Шарл Леклер.

Од третата позиција ќе стартува клупскиот колега на Леклер, Карлос Саинц, кој заостана зад Ферстапен за 0.092 секунди.

Трката за ГН на Холандија е на програмата утре со почеток во 15 часот.

Треба да знаете
Последни објави