На 01.09.2022 околу 14 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Трета Македонска бригада” во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу автомобил „шкода јети”, сопственост на МВР, „фолксваген голф” управуван од Ј.С.(55) од Скопје, „фолксваген поло” што го управувал скопјанецот Ј.Ц.(21) од Скопје и „хјундаи” управуван од М.А.(38), исто така од Скопје.
Во незгодата, М.А.и Ј.Ц. се здобиле со повреди констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза” во Скопје.
Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.