Фрлен молотов коктел во двор во Волково, гореа автомобили во Чаир и Ченто

На 02.09.2022 во 00.03 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, М.Т.(24) од с.Волково, скопско, пријавил дека во неговиот двор било фрлено шише со запалива течност.

При тоа настанал пожар на церадата со која било покриено неговото возило „пежо 307″ со скопски регистарски ознаки. Според пријавеното, огнот сам се изгасил, а повредени лица нема. Се работи на расчистување на случајот.

На 02.09.2022 во 02.16 часот во СВР Скопје било пријавено дека во двор на ул.„19″ во наеба Ченто настанал пожар во патничко возило „мерцедес”, сопственост на И.Б.(40) од Скопје. Повредени лица нема. Увид бил извршен.

На 01.09.2022 околу 04.00 часот во Полициската станица Чаир, Б.Д.(31) од Скопје пријавил дека на паркинг простор на подрачје на Чаир настанал пожар во неговото возило „ауди а4″. Извршен е увид.

 

Треба да знаете
Последни објави