Search

Украина уништила позиции на руските сили во близина на нуклeарката „Запорожје”

Украинската армија денеска соопшти дека уништила позиции на руските сили во градот Енергодар, што се наоѓа во близина на нуклеарната централа „Запорожје”.

Информациите од украинските оружени сили доаѓаат ден откако делегација на Меѓународната агенција за атомска енергија почна со проверките на нуклеарниот комплекс.

„Во регионите на Херсон и Енергодар, нашите сили извршија прецизни напади, уништувајќи три непријателски артилериски системи, како и складиште за муниција”, се посочува во соопштението на украинската армија.

Украинската компанија што стопанисува со нуклеарните капацитети за производство на електрична енергија „Енергоатом” денеска соопшти дека вториот реактор на нуклеарната централа „Запорожје” повторно е во функција.

„Денеска, 2 септември 2022 година, енергетската единица број 5 на нуклеарната централа Запорожје што престана да работи вчераутро поради гранатирање од страна на руските окупаторски трупи, сега е поврзана на електричната мрежа”, стои во објавата на „Енергоатом” лиферувана преку Телеграм.

Треба да знаете
Последни објави