Search

Србија броеше до „стотка“ против Холандија без мака

Србија не дозволи  изненадување на прв натпревар кој го одигра на завршницата од Евробаскетот против Холандија (100:76). Во групата Д на Евробаскетот на мечот кој што се одигра во О2 арената во Прага, еден од најголемите фаворити за шампионскиот трофеј Србија ја оствари планираната победа, без многу мака.

По првото полувреме, Србија на паузата замина со предност од 13 кошеви (51:38).

Никола Јокиќ со 19 поени беше најефикасен поединец кај Србија, а Маринковиќ заврши со 18, Мициќ 15, Ристиќ 11 и Калиниќ 10 поени. Најефикасен кај Холандија беше Ворти де Јонг со 28 поени.

Следниот меч Србите го играат утре против домаќинот Чешка од 17:30 часот.

На натпреварот кој исто така се играше во ноќниот термин, Италија беше подобра од Естонија со 83:62.

Треба да знаете
Последни објави