Седници на три собраниски комисии

Во Собранието на Република Северна Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за одбрана и безбедност, за прашања на изборите и именувањата и Законодавно-правната комисија.

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата на денешната седница треба да ја продолжи дебатата за предлозите за избор на судии на Уставниот суд на Република Северна Македонија.

На дневен ред на Комисијата за одбрана и безбедност и на Законодано-правната е Предлог на одлука за испраќање на припадник на Армијата на Република Северна Македонија за учество во меѓународната операција на Организацијата на обединетите нации „УНИФИЛ” во Република Либан.

Треба да знаете
Последни објави