Search

Расел најбрз на првиот тренинг за ГН на Холандија

Британецот Џорџ Расел (Мерцедес) оствари најбрзо време со резултат 1:12, 455 минути на денешниот прв тренинг за Големата награда на Холандија.

Второ време постигна неговиот клупски колега Луис Хамилтон, кој заостана 24 стотинки, додека трет беше Шпанецот Карлос Саинц (Ферари) со 39 стотинки послабо време.

Актуелниот светски првак и лидер во генералниот пласман Макс Ферстапен (Ред Бул) поради технички проблеми со својот болид го пропушти првиот тренинг.

Треба да знаете
Последни објави