Search

Изгоре автомобил во близина на Владата

Автомобил се запали и целосно изгоре вечерва на булеварот „Климент Охридски“ спроти бензинската на „Макпетрол“ во близина на зградата на Владата.

-На 02.09.2022 во 20.20 часот во Полициска станица Центар е пријавено дека на бул.Св. Климент Охридски во Скопје настанал пожар во патничко моторно возило „форд фокус” со скопски регистарски ознаки,управувано од Љ.Д.(72) од Скопје. Пожарот е изгаснат од противпожарната единица Скопје. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје, рекоа од МВР.

Треба да знаете
Последни објави