Search

Владо Димовски: Се штанцаат дипломи, а недостигаат кадар и квалитет во образованието

Сликата со учебниците е стара и не е од сега. Во државата не се печатени учебници можеби десетина години, поточно уште од времето на Спиро Ристовски. Тогаш се отпечатија тие фамозни бесплатни учебници со многу грешки и оттогаш само нешто се поправа и се допечатува, вели во интервју за „Макфакс“, Владо Димовски, од Прогресивниот синдикат за образование.

Ме чуди, дополнува Димовски, како почна учебната година навреме, а без учебници.

„Учебната година не смее да почне без учебници. Државата не се потруди да го искористи периодот на онлајн-наставата да направи учебници што во наредните 10-15 години нема да се менуваат. Најлесно е да ја уништите државата ако го уништите образованието“, истакнува Димовски.

Оценува дека образованието во Македонија тоне уште пред 25 години и е под дното.

„Образованието веќе не е образование. Имаме колеги што не се соодветни за овој ресор. Имате наставници што со средно образование држат по 4-5 предмети затоа што наводно нема кадар. Нема кадар, а дипломи се штанцаат колку сакате. Го нема квалитетот во образованието. Во изминатите 25 години секој што ќе дојде го оставал образованието на маргините. Секоја власт доаѓала за да чисти туѓи дворови оставајќи си го ѓубрето во сопствените дворови“, нагласува Димовски во интервјуто.

За влијанието на политиката во овој ресор, за недостигот од кадар, дали и како училиштата ќе се справат со најавената енергетска криза, во интервјуто за „Макфакс“ анализира Владо Димовски од Прогресивниот синдикат за образование.

Треба да знаете
Последни објави