Скопјанка ранета од воздушна пушка кај „Веро Џамбо“

На 01.09.2022 во 22.49 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „Св.Наум Охридски” било пријавено дека кај нив со повреди од воздушна пушка во ногата била донесена А.М.М.(26) Скопје.

Според А.М.М., таа била погодена додека се движела пеш по улицата Стале Попов” кон улицата Пролет”.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Ова е втор случај на напад со воздушна пушка за неколку дена во Скопје.

На 31.08.2022 околу 02.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Градската општа болница „Св.Наум Охридски” со повреда од дијабола бил донесен В.Р.(63) од Скопје. Според пријавеното, на 30.08.2022 околу 17.30 часот на работното место како обезбедување во приватна фирма на територија на населба Пинтија почувствувал болка во ногата, по што бил пренесен во болницата.

Увид бил извршен и се работи на расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави