Search

Голема размена во НБА- Митчел наместо во Њујорк замина во Кливленд

Кливленд и Јута вечерва направија голема размена.

Иако цело лето се шпекулирааше дека ќе замине во родниот Њујорк во „Никси“, бекот на „Џезерите“ Донован Мичел е нов играч на Кливленд. Кон Солт Лејк Сити ќе тргнат дури три кошаркари и три пика од првата рунда на драфтот. Џез така за Мичел ги доби Колин Секстон, Лаури Марканен и Очаи Агбаи.

Со оваа размена заврши една ера во Јута. Мичел комплетната досегашна кариера ја помина во Јута. Во НБА лигата пристигна во 2017 година и стана една од најголемите ѕвезди. Сепак во текот на минатата сезона беше забележително незадоволството.

Не се сложуваше со центарот Руди Гобер, а се започна во текот на пандемијата кога Гобер беше на жесток удар на јавноста. Претходно и Французинот беше трејдуван во Минесота.

Овој 25-годишен бек во НБА кариерта во просек имаше 24 поени по натпревар, а минатата сезона беше ја одигра со просек од скоро 26 поени.

Треба да знаете
Последни објави