Пак хет-трик на Халанд, Ливерпул се спаси во 9 минутното продолжение

Манчестер Сити со убедливи 6-0 го победи тимот на Нотингем форест, а Ерлинг Халанд имаше свое шоу постигнувајќи ги првите три погодоци на натпреварот. Арсенал со 2-1 ја совлада Астон Вила и го продолжи перфектниот учинок, a Ливерпул се спаси од нов кикс, откако на „Енфилд“ одигра 2:1 со Њукасл, со решавачкиот погодок во 97.минута.

Ѕвезда на вечерта е Халанд. Сити пред четири дена победи со 4:2 против Кристал Палас, кој на полувремето водеше со 2:0. Во вториот дел Халанд за само 19 минути погоди три пати и го реши победникот. Севкупно, норвешкиот напаѓач веќе постигна 9 гола во Премиер лигата оваа сезона на првите 5 натпревари и постави нов рекорд во лигата, надминувајќи ги Мик Квин и Серхио Агуеро кои постигнаа по 8 на исто толку натпревари.

Неговата сила вечерва ја почувствува Нотингем форест. Халанд го отвори резултатот во 12. минута, а потоа погоди и во 23. и 38. минута за водство на Манчестер Сити со 3-0 по првото полувреме. Во вториот дел два гола даде Алварез, еднаш погоди Кансело за конечна победа од 6-0.

Арсенал има пет од пет, овојпат топчиите ја совладаа Астон Вила со 2-1.

Резултатот го отвори Габриел Жесус во 30. минута, една одбиена топка дојде до напаѓачот на Арсенал кој погоди за 1-0. Во 74. минута, само една минута откако влезе во игра, Даглас Луиз постигна гол директно од корнер за израмнување на 1-1. Но само три минути подоцна Мартинели даде гол за ново водство на Арсенал кое овојпат значеше и победа од 2-1.

Ливерпул беше на пат уште еднаш непријатно да ги изненади своите фанови по лошиот старт, но Фирмињо со нов гол ги врати во игра во 61. минута, откако на полувреме гостите имаа предност со голот на Исак. Кога се чинеше дека мечот ќе заврши без победник, Карвалјо во седмата минута од деветминутното судско продолжение му донесе победа на Ливерпул.

На мечот меѓу Борнмут и Вулвс немаше голови.

Треба да знаете
Последни објави