Search

Седлоски си поднесе оставка во Шкупи

Македонскиот фудбалски стручњак, Гоце Седлоски ја понесе одговорноста за лошата форма на екипата на Шкупи и си поднесе оставка од функцијата прв тренер на екипата.

48-годишникот реши дека е време да замине откако не успеа со Шкупи да избори групна фаза во европските натпреварувања, каде што запиша победа со Линколн, реми со Динамо и шест порази. Претходната седмица „чаирчани“ беа исфрлени и во плеј-офот на Конференциската лига од Балкани, а викендов одиграа 1-1 со прилепска Победа.

Тоа веројатно беше капката која ја прелеа чашата, па Седлоски се одлучи за ваков потег. Иако за шампионот на Македонија ова беше прв натпревар кој не го доби во ПМФЛ, сепак притисокот од фановите и управата го направи своето. Шкупи во следниот период треба да пронајде замена за Седлоски, во походот за одбрана на трофејот. Клубот на социјалните мрежи потврди дека ја прифаќа оставката на тренерот.

Треба да знаете
Последни објави