Search

ПМФЛ: Пет од пет за Струга

Фудбалерите на Струга продолжија со максимален ефект во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) откако попладнево на домашен терен со (2-1 ) го совладаа Силекс во рамки на петтото првенствено коло.

Петтиот триумф на стружани им го донесоа Ибраими (31 минута, пенал) и Шабани (82), додека стрелец за Силекс беше Ристовски (72).

Академија Пандев пред своите гледачи забележа убедлив триумф над Скопје (3-0), Шкендија оствари гостински победа над Тиквеш (3-1), додека без победник завршија дуелите меѓу Шкупи – Победа (1-1) и Македонија ЃП – Работнички (1-1).

Струга води на табелата со 15 бодови, пред Шкендија (10) и Силекс (8).

Треба да знаете
Последни објави