Search

Меси асистира, Мбапе и Нејмар даваат голови

Пари Сен Жермен стигна до рутински триумф на гостувањето кај Тулуз од 0-2 во натпревар од 5. коло во француската Лига 1.

Водство за „светците“ од 0-1 донесе Нејмар во 37. минута, а на 0-2 зголеми Килијан Мбапе во 50. минута. Конечните 0-3 ги постави Бернат во 90. минута, откако ја смести во мрежа одбиената топка од гредата која ја погоди Мбапе.

На првите два гола асистираше Лео Меси. Нејмар веќе има 7 гола и 6 асистенции во пет кола. Мбапе постигна 5 гола, додека Меси има 3 гола и 4 асистенции.

Хрватскиот тренер Игор Тудор и неговиот Олимпик Марсеј ја продолжуваат победничката серија. Вечерва на домашен терен го победија Клермон (1:0), а решавачкиот гол го постигна Гује во 49. минута со глава, откако Паје изведе корнер. Марсеј во тие 50 минути целосно доминираше кај гостите. Во 56. минута, пак, Клермон во еден напад двапати ја погоди гредата, но не постигна гол. Во 87. минута Алексис Санчез промаши пенал.

Тудор се покажа како големо засилување за Марсеј, кој по пет кола има одлични 13 бода, колку што има и ПСЖ.

Треба да знаете
Последни објави