Search

Елмас стрелец во ремито на Наполи, еврогол на Влаховиќ

Јувентус се намачи на свој терен, но на крајот успеа да ги освои трите бода во дуелот против Специја, во дуел од четвртото коло во Серија А. Старата дама победи со 2:0 и ги освои трите бода.

Душан Влаховиќ постигна фантастичен погодок од слободен удар и тоа по само девет минути игра, а резултатот беше 1:0 се до последните моменти од мечот. Во 85 минута во игра влезе Аркадиус Милик и успеа да погоди во 91 минута за 2:0 и да стави крај на сите дилеми околу победникот.

Јувентус победи дома, но Наполи киксираше пред своите навивачи и на крајот одигра 1:1 против Лече. Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас погоди во 27 минута за водство на фаворитот од 1:0, но Лече брзо израмни на 1:1.

Елмас играше до 56 минута, а потоа беше заменет. Наполи имаше 70 отсто посед на топка, домаќините упатија дури 19 шута од кои седум беа во рамките на голот, но дадоа само еден гол што не беше доволно за победа.

Треба да знаете
Последни објави