Search

Доживотен затвор за мајка-веганка, која до смрт го изгладнувала своето бебе

Доживотен затвор за мајка-веганка, која до смрт го изгладнувала своето бебе
Веганката Шила О’Лири вчера била осудена на доживотен затвор бидејќи го изгладнувала својот син Езра до смрт.

38-годишната жена следела строга веганска диета и е осуден по шест точки за убиство од прв степен, тешка злоупотреба на деца, тешко убиство од небрежност, злоупотреба на деца и две точки за запоставување на детето.

Изрекувањето на пресудата во округот Ли, Флорида претходно било одложено четири пати, а сопругот на Шила, Рајан Патрик О’Лири, се уште е во затвор и го чека судењето за истите обвиненија, пишува АП.

Инспекторите велат дека парот признал дека семејството јадело само сирово овошје и зеленчук. Шејла го хранела својот 18-месечен син и со сопственото млеко, а во септември 2019 година, кога тој починал, тежел 8 килограми и бил со големина на седуммесечно бебе, се вели во полицискиот извештај.

Двојката од Кејп Корал имала уште две деца, на возраст од 3 и 5 години, кои исто така биле неухранети. Четвртото дете претходно му е вратено на биолошкиот татко исто така поради неухранетост.

Треба да знаете
Последни објави