Search

Вечното дерби без победник

Партизан и Црвена звезда одиграа нерешено 1:1 во вечното дерби во српското првенство. Ова е 168-ми дуел на двата најтрофејни клубови во Србија, а на крајот немаше победник.

Ова е осмо дерби во низа на кое Партизан не може да победи, а тоа што е карактеристично е дека на пет од последните шест меча на Вечните на стадионот на Партизан, резултатот на крајот е 1:1.

Црвена звезда прва се израдува и тоа благодарение на еврологот на Букари во 27 минута.  Тој гол може да го погледнете ТУКА.

Партизан до израмнување стигна на почетокот на второто полувреме кога беше досуден пенал за Партизан, а Натхо погоди за 1:1.

Треба да знаете
Последни објави