Search

Ал Етифак го промовираше Дарко Велковски: Македонскиот воин- нашиот нов командос

Македонскиот репрезентативец Дарко Велковски денеска и официјално промовиран како нов член на прволигашот од Саудиска Арабија, Ал Етифак.

На повеќе од специфичен начин клубот од Дамам го промовираше Велковски, кој по завршувањето на договорот со хрватска Ријека, следната 2022/23 ќе го носи дресот на еден од најдобрите клубови од Саудиска Арабија.

„Македонскиот воин – нашиот нов командос!“ – се вели во официјалната објава од Ал Етифак како промоција на Дарко Велковски, во објавата заедно со видео-инсерти од најдобрите минути на македонскиот репрезентативец низ досегашната кариера.

Велковски(27), по завршувањето на соработката со хрватската Ријека, и покрај некои понуди од Унгарија и од Турција, се одлучи да ја прифати понудата од клубот од Саудиска Арабија, каде тренер е Французинот Патрис Картерон. Претходно во својата кариера настапуваше и за Македонија ЃП, Работнички и Вардар во македонскиот шампионат.

Во Саудиска Арабија минатата сезона, како што е познато, настапуваше и Езгијан Алиоски во редовите на Ал Ахли, но Алиоски ова лето како позајмен фудбалер се пресели во Фенербахче. Во Суадиска Арабија, во редовите на Ал Феиха, настапува уште еден македонски репрезентативец, офанзивецот Александар Трајковски.

Треба да знаете
Последни објави