Search

Рикардо го напушта Мекларен

Австралискиот возач Даниел Рикардо на крајот на оваа сезона ќе го напушти Формула 1 тимот на Мекларен, а информацијата денеска ја потврдија и возачот и британската екипа.

Рикардо, кој дојде во Мекларен минатата сезона, има важечки договор до крајот на сезоната 2023, но двете страни се договорија за предвремен раскин на соработката.

Австралиецот како дел од Мекларен има една победа, за Големата награда на Италија во Монца, а вкупно осум во кариерата.

– Беше привилегија да се биде дел од семејството на Мекларен овие две години. Но, по неколку месечни разговори одлучивме предвремено да ја прекине соработката, изјави 33-годишниот Рикардо, додавајќи оти наскоро ќе ги открие своите планови за иднината.

Треба да знаете
Последни објави