Search

Охрид домаќин на ракометниот Суперкуп

Ракометната федерација на Македонија (РФМ) го избра Охрид за домаќин на Суперкупот меѓу актуелниот првак Вардар 1961 и финалистот во националниот Куп Еурофарм Пелистер.

Натпреварот ќе се одигра на 11 септември во салата „Билјанини извори”, а саатницата ќе биде дополнително дефинирана.

Трофејот го брани битолски Еурофарм Пелистер, кој во ланската пресметка беше поуспешен од скопски Вардар 1961 со 31-22.

Треба да знаете
Последни објави