Search

Женската пинг-понг репрезентација на Балканско првенство во Сараево

Македонската женска пинг-понг репрезентација од 23 до 27 август 2022 е дел од Балканското сениорско првенство во Сараево 2022 година.

На првенството ќе настапат Амелиа Луциана Николов од клубот ППК Шампион Фа – Штип, Катарина Лаура Михаилов од клубот ППК Телеком Нец – Скопје и Ива Димитриевска од ППК Рисови – Скопје.

Поради повреда, како што информираат од федерацијата, нема да настапи Ана Стојановска од ППК Крива Паланка – Крива Паланка.

Дополнуваат дека на свеченото отворање на првенството, оствариле средба и добиле безрезервна поддршка од Македонскиот амбасадор во БИХ, Екрем Ебиби, и министер-советник во БИХ, Борчо Дамјанов. 

Треба да знаете
Последни објави