Search

Елмас доби доверба да биде капитен на Наполи !

По 128 одиграни натпревари за италијанскиот фудбалски калчолигаш Наполи, македонскиот репрезентативец Елиф Елмас ја доби довербата да истрча на теренот со капитенската лента на раката. Македонскиот фудбалски „дијамант“ ја имаше таа чест на денешниот пријателски натпревар кој Наполи го одигра против третолигашот Јуве Стабија и го доби со 3:0. Тренерот Лучано Спалети му ја додели оваа одговорност на Елмас во тимот кој беше со комбиниран состав.

-Уникатна емоција за мене да ја носам капитенската лента. Беше прекрасно од навивачите што се собраа и застанаа зад тимот на оваа пријателска средба и затоа им благодариме за топлата поддршка која ни ја дадоа, изјави Елмас.

 

Треба да знаете
Последни објави