Search

Ендрју Гарфилд бил во целибат шест месеци и се изгладнувал поради методска глума

Ендрју Гарфилд поминал низ чудни искуства додека се откажувал од секс и се изгладнувал како дел од неговиот методски пристап – техника на глума кога актерот се стреми целосно да се идентификува со ликот што го глуми и физички и ментално.

Ѕвездата на „Спајдермен“ (39) откри дека бил во целибат и без храна за да се подготви за улогата на језуитски свештеник од 17 век во мисионерскиот филм на Мартин Скорсезе од 2016 година „Тишина“, во кој глумат и Лиам Нисон и Адам Драјвер.

Во подкастот на Марк Марон во понедлникот, Ендрју рече: „Правев еден куп духовни практики секој ден, создавав нови ритуали, бев во целибат шест месеци и многу постев.“

Ендрју, исто така, поминал една година учејќи во подготовките за филмот кај писател језуит, отец Џејмс Мартин (61), кој му помогнал да го истражува католицизмот.

Ваквите жртви доведоа до негова номинација за „Оскар“ за најдобар актер во 2017 година за филмот „Тишина“.

„Има многу заблуди за тоа што е методска глума,“ рече тој во подкастот. „Всушност, тоа е да живеете искрено под замислени околности, да бидете добар со екипата, и истовремено да бидете нормално човечко суштество. И да можете да заборавите на ликот или да бидете како него и кога не сте на сет.“

Методска глума е техника што ја користат актерите за целосно емотивно да се идентификуваат со ликовите што ги глумат и физички и ментално. И долго време останува во улогата на ликот што го потретира, па дури и надвор од сетот.

Треба да знаете
Последни објави