Search

Том Холанд фаворит за нов Џејмс Бонд

Гласините продолжуваат да се вртат за тоа кој ќе го глуми следниот 007 по последниот филм на Даниел Крег како Бонд.

Фановите на серијалот нестрпливо ја очекуваат најавата на новиот Бонд, а со неодамнешното ажурирање кое ги исфрли некои од најголемите предвидувања, сега има нови информации за тоа кој би можел да го преземе кормилото.

Последните вести велат дека следниот Џејмс Бонд ќе се движи во друга насока.

Поточно, помлада насока.

Според Рос Кинг, ова е многу реално имајќи предвид дека продуцентите на Бонд бараат помлад Бонд. Некој во неговите триесетти.

Том Холанд се појавува како главен фаворит.

Познат по улогата на Питер Паркер во најновиот „Спајдермен“, се чини дека тој е најдобрата претпоставка за тоа кој би можел да биде новиот 007.  Зад него е Реџе Џин Пејџ од „Бриџертон“, а потоа Том Харди и покрај тоа што има 44 години.

„Тудеј шоу“ открива дека британската ѕвезда сега е предводник меѓу актерите за кои се смета дека можат да го глумат славниот „протресен, не измешан“ шпион на МИ6.

Порталот вели дека промоцијата на Холанд доаѓа по шпекулациите дека Идрис Елба повеќе не е заинтересиран да ја преземе улогата.

Холанд би помогнал да се вдахне нов живот на остарениот британски таен агент, а во негов прилог оди и фактот што тој е голем фан на серијалот.

Во емисијата „Лејт најт“со Сет Мејерс на почетокот од оваа година, 26-годишниот дури и даде своја идеја за следниот филм за Бонд.

„Во суштина, јас сум голем фан на Џејмс Бонд,“ рече тој. „Ги сакам филмовите со Даниел Крег. Едно време си помислив: ако продолжат понатаму, би било навистина возбудливо да се види како Џејмс Бонд станува Џејмс Бонд“.

Шпекулациите за Британецот да го потретира култниот лик доаѓаат откако тој ги напушти социјалните мрежи за да му даде приоритет на своето ментално здравје.

Актерот сподели видео со кое ги извести фановите дека прави многу потребна пауза од дигиталниот свет.

Треба да знаете
Последни објави