Search

Јунајтед е жив: Падна Ливерпул на „Олд Трафорд“ (ВИДЕО)

Манчестер Јунајтед се издигна по двата срамни порази на стартот на сезоната и го победи Ливерпул на „Олд Трафорд“ со 2-1, во дербито на третото коло во Премиер – лигата. Ерик Тен Хаг ги седна на клупа Хари Мегваер и Кристијано Роналдо, на Португалецот му даде шанса дури во завршницата, а стрелци на головите за „црвените ѓаволи“ беа Џејдон Санчо и Маркус Рашфорд.

Манчестер Јунајтед почна агресивно, мотивирано, а тоа донесе и водство. Џејдон Санчо си поигра со противничката одбрана во 16.минута и ја затресе мрежата на Алисон Бекер.

Во 53.минута, Марсијал одлично го проигра Рашфорд кој излезе сам пред Алисон Бекер и зголеми на 2-0.

Ливерпул остана без победа и по три натпревари, а до крајот само Мохамед Салах намали за конечни 2-1.

Треба да знаете
Последни објави