Search

Турчинот Јигитоглу ќе игра за првиот тим на МЗТ Скопје

Големиот турски талент, Самет Јигитоглу (18 год, 216 см) и следната сезона ќе игра во сино-белиот дрес, откако доби „прекоманда” од втората екипа во најдобриот тим на МЗТ Скопје Аеродром, со кој потпиша договор за претстојната сезона.

-Станува збор за класичен центар, кој минатото лето од Бешикташ дојде во МЗТ Скопје УНИ Банка, за кој во прволигашката конкуренција одигра 16 натпревари со просек од 10,3 поени и 8,5 скокови. Дека станува збор за еден од најталентираните кошаркари во својата генерација говори и фактот што лани беше дел од олстар-тимот на јуниорската Евролига, кој настапи на завршниот турнир од ова натпреварување, објави МЗТ Скопје.

Јигитоглу е дванаесеттиот кошаркар кој тренерот Александар Петровиќ ќе го има на располагање за новата сезона. Тука се уште Американците Бре Ајви, Еван Максвел и Мајк Кафи, Србинот Страхиња Миќовиќ, како и македонските репрезентативци Дамјан и Војдан Стојановски, Адем Мекиќ, Бојан Крстевски, Дамјан Робев, Андреј Магдевски и Анреј Андоноски. Со првиот тим ќе работат и младинците Димитар Иванов, Марко Спасовски и Бојан Величковски.

МЗТ Скопје ќе ја брани шампионската титула во домашното првенство, а ќе биде дел и од регионалната АБА-лига.

Треба да знаете
Последни објави