Search

Меморијален турнир во чест на „Крсте Андоновски – Усташ”

Во организација на Градскиот ракометен клуб Охрид, а под покровителство на Општина Охрид утре и задутре ќе се одржи првото издание на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски – Усташ”, во чест на поранешниот ракометар, тренер и селектор на младинската репрезентација на некогашна Југославија.

Наследниците на охридската ракометна легенда, Крсте Андоновски, капитен во ГРК Охрид и Даниел Андоновски, лев бек во клубот, денеска на прес-конференција изразија благодарност за можноста да се организира турнирот и надеж дека ќе прерасне во традиција.

– Задоволството е големо, почестени сме како фамилија. Љубовта кон ракометот ни ја всади баш нашиот покоен дедо и сега сме многу среќни што ќе се организира еден ваков турнир во негов помен, истакна Крсте.

На турнирот ќе учествуваат екипите на Охрид, Пролет 62, Тиквеш 2014 и Партизан од Белград.

На 23 август ќе се одиграат натпревари од 17 часот и 30 минути меѓу екипите на Партизан и Пролет 62, а во 20 часот ќе играат Охрид и Тиквеш 2014. Натпреварот за третото место и финалето ќе се играат слендиот ден.

Треба да знаете
Последни објави