Search

Алегри за Рабио: За мене тој отсекогаш бил играч на Јувентус, имаше одлична сезона

Масимилијано Алегри изјави дека смета на Адриен Рабио во Јувентус.

Овој трансфер прозорец Французинот можеше да замине во Манчестер јунајтед, но англискиот клуб го одби договорот поради високите финансиски барања на Французинот.

– Рабио ќе игра утре. За мене тој отсекогаш бил играч на Јувентус. Нормално е дека во текот на преодниот рок има интерес за играчите. Адриен имаше одлична сезона. Така утре ќе имаме двајца новајлии: Рабио и Кин, изјави главниот тренер на Јувентус.

Дваесет и седумгодишниот Рабио го пропушти натпреварот од 1. коло на Серија А против Сасуоло (3:0). Во 2. коло Јуве утре ќе игра со Сампдорија.

Треба да знаете
Последни објави