Search

Охридскиот маратон сепак ќе се организира, Агенцијата за млади и спорт ја презема организацијата

Годинава треба да се одржи 60. јубилејно издание на Охридскиот пливачки маратон, кој поради блокирана сметка на Националната пливачка федерација (НПФ) беше објавено дека спортската манифестација се откажува.

Веста ја разбранува јавноста во Македонија. На денешните прозивски и полемики кој е виновникот за откажувањето на Охридскиот пливачки маратон, експресно регаираа и државните институции, кои најавија дека нема да дозволат да се прекине 60-годишната традиција на една од најстарите спортски манифестации во земјава. Ќе ја преземат организацијата под свое Агенцијата за млади и спорт, со поддршка од Владата на Македонија.

Повеќе детали за одржувањето на годинашното издание од Охридскиот маратон, ќе обелодени директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски ќе соопшти утре, петок, 19 август, на прес-конференција која ќе се одржи во 10.00 часот во просториите на општината Охрид.

 

Треба да знаете
Последни објави