Search

(Видео) Дончиќ и Ѓоковиќ во пријателска прегратка откако Словенија ја победи Србија

Еден од најдобрите тенисери на сите времиња Србинот Новак Ѓоковиќ синоќа во Љубљана од првите редови го следеше пријателскиот кошаркарски натпревар помеѓу домашната селекција Словенија и на неговата земја што се одигра во салата „Стожице“. Словенците ппобедија со 97:92 во продолжени благодарение на фантастичната партија на Лука Дончиќ, кој мечот го заврши со 34 постигнати поени.

По натпреварот, словенечката кошаркарска ѕвезда од НБА-лигата имаше средба со Ѓоковиќ, кој е негов голем подржувач. Средбата заврши со прегратка на големите спортисти.

 

Треба да знаете
Последни објави