Search

Вардар и Целје ќе одлучат во меѓусебна пресметка кој ќе биде во финалето на ракометниот турнир „Струга 2022“

Третиот ден од 50. јубилејно издание на Меѓународниот ракометен турнир „Струга 2022″, ќе го отворат домаќинот РК Струга и АЕК од Атина (почеток 17:15 часот).

Веднаш по нив (19:15 часот) силите ќе ги одмерат Еурофарм Пелистер и словачкиот шампион Татран, а во дербито на вечерта ќе биде познат првиот патник за финалето по директниот дуел меѓу Целје и Вардар (21:15 часот).

Македонскиот шампион Вардар синоќа убедливо ја совлада екипата на Бутел со резултат 32:20, а на полувреме беше 18:8. Претходно словачкиот претставник Татран Прешов го совлада АЕК со 25:21 (16:11), а Алкалоид беше совладан во последните секунди од Целје со 29:28 (15:15). Мечот го одбележа кавгата меѓу тренерите Кирил Лазаров и Алем Тоскиќ, кои беа исклучени пред крајот на првото полувреме и натпреварот го следеа од трибините.

Струшкиот ракометен турнир почна во вторникот, а ќе трае до сабота, кога ќе се знае победникот.

Треба да знаете
Последни објави