Search

Усик соочувањето со Џошуа го заврши со украинска патриотска песна

ИБФ, ВБА и ВБО шампионот во тешка категорија, Олександер Усик го заврши тензичното соочување со Ентони Џошуа пред нивниот римеч во Саудиска Арабија со украинска патриотска песна.

Беше на украинскиот фронт, но откако се бореше за својата земја Усик (35, 19-0) ја напушти територијата на Украина за подобро да се подготви за одбрана на титулите во тешка категорија што ги освои против Британецот Џошуа (32, 24-2 ), но сега кога дојде време за тоа – нормално молчеливиот Украинец со песна ги поздрави сите луѓе во со војна погодената татковина.

Усик го шокираше Џошуа за да му ги одземе шампионските појаси минатата година, а сега во меч најавен како „Бес на Црвеното Море“ викендов ќе се обиде да ги враатаи титулите. Украинецот, кој беше облечен во народна носија, почна да ја пее песната „Ој у лузи, червона калина“, кој доби на популарност во овогодишната инвазија од Русија.

Песната е посветена на времето на Богдан Хмелницкиј, водачот на запорошките козаци, кој во 1648 ги поведе Украинците на побуна против Полска и креираше независна козачка држава, која потоаа во 1654 се спои со Царството Русија. Песната првпат е објавена во 1875 година, а по овогодишната војна стана толку популарна што дури и Пинк флојд објавија своја верзија.

– Двајцата научивме многу од првата борба. Ова нема да биде нова борба, туку ќе продолжи претходната. Имавме доволно време да се  проучиме меѓусебно и во сабота ќе биде голема, голема борба. Ова е важен меч за мене, за мојот тим и за мојата земја. Родени сме да се бориме за се. Целиот живот е борба за нешто, па всушност и  затоа двајцата сме тука – објасни Усик, додека неговиот противник заклучи:

– За мене ова е борба која треба да ја победам, но ми се допаѓа тој притисок. Новиот тренер и тимот што е со мене ме туркаат напред, се надевам на победа. Имам цели кои сакам да ги постигнам во рингот. Појасите не се толку важни, но тоа доаѓа на крајот. Има одреден процес што сакам да го следам, рече Британецот.

Треба да знаете
Последни објави