Search

НБА шоу на Дончиќ и Јокиќ во Љубљана

Словенија ја победи Србија со 97:92 по продолженија во пријателски меч што беше спектакуларен во Љубљана.

Дончиќ и Јокиќ го оправдаа епитетот на два гиганти во светската кошарка, а се радуваше Словенецот.

Дончиќ постигна 34 поени со 9 асистенции и шест скока, додека Јокиќ имаше 26 поени со 12 скока.
Двете репрезентации се подготвуваа за Европското првенство што ќе се игра од 1. до 18. септември во Германија, Италија, Чешка и Грузија.

Треба да знаете
Последни објави