Search

Карлсберг „поцрвене“ во чест на 30 годишното партнерство со Ливерпул

Сите фанови на Ливерпул и љубителите на фудбалот ќе уживаат во пивото кое на најдобар начин опишува што значи лојалност кон саканиот клуб.

Малку работи може да ги обединат луѓето како фудбалот, а ретко што може да се спореди со лојалноста кон саканиот клуб – и во оние моменти кога победуваат, но можеби уште повеќе кога губат. Што и да каже некој, фудбалот со причина е опишан како најважната споредна работа на светот. Поради оваа 90-минутна игра навивачите патуваат во друг дел од земјата или континентот, плачат и се радуваат поради фудбалот, но некои од најубавите песни се пеат за фудбалските клубови.

Посебна приказна за лојалноста и партнерството е таа меѓу фудбалскиот клуб Ливерпул и Карлсберг, пиво кое со право го носи статусот „Веројатно најдоброто пиво на светот“.

Есенва Ливерпул и Карлсберг прославуваат 30 години партнерство, што е воедно и најдолга соработка во Премиер лигата, а за да го прослави овој јубилеј  Карлсберг подготви специјално славеничко издание на лименката.

Може ли силата на црвената борба да биде разликата помеѓу победата и поразот? Легендарниот менаџер Бил Шенкли мислел дека тоа е можно кога го сменил дресот на тимот во целосно црвена боја во 1964 година. Оттогаш, целосно црвениот дрес на Ливерпул стана икона во светскиот фудбал, но во чест на долгогодишната соработка, Карлсберг соодветно го обои неговото пакување во црвено. Покрај препознатливата боја, лименката доаѓа украсена со клупскиот грб и потписот на фудбалската легенда Јан Раш, кој постигна неверојатни 346 гола за Ливерпул и со тоа стана најуспешниот стрелец на „црвените“.

Шесткратниот освојувач на Лигата на шампионите ја испишува својата историја од 1892 година, кога е основан клубот, а од самиот почеток игра на стадионот Енфилд, кој стана не само омилено место кое секој навивач на Ливерпул мора да го посети , но и атракција која мора да ја види секој турист во Ливерпул. Традицијата што ја негуваат повеќе од еден век е вткаена и во партнерството со Карлсберг, кое трае од 1992 година, кога данскиот производител на пиво стана официјален спонзор на клубот. Оттогаш, заедно чекорат низ победи и порази, но сето тоа во друштво на веројатно најдобрите фанови на светот. Нивната страст и ентузијазам е она што ги тера и затоа сакаат да им кажат голема благодарност со ова специјално издание на лименки.

Ограничената серија лименки ќе биде достапна во земјите ширум светот.

Треба да знаете
Последни објави