Search

Фудбалер на Кристал Палас добил смртни закани поради црвениот картон на Нуњез

Фудбалерот на Кристал Палас, Јоаким Андерсон, за помалку од 24 часа добил повеќе од 300 навредливи попраки, меѓу кои имало и закани со смрт, поради неговата  добро одиграна улога за црвениот картон на Дарвин Нуњез од Ливерпул на синоќешниот меч кој заврши без победник (1:1) на „Енфилд“. 

Навивачите на „црвените“ го обвинуваат Андерсен за исклучувањето на Нуњез, сметајќи дека тој провоцирал и глумил. Дел од нив отидоа дотаму што му праќале пораки со смртни закани и навреди за него и неговото семејство.

„Добив можеби 300-400 вакви пораки синоќа. Разбирам да навивате за вашиот тим, но треба да покажете и малку почит и да престанете да се однесувате насилно онлајн“, напиша Андерсен и објави дел од пораките.

Дефанзивецот на Кристал Палас Андерсон и Нуњез немилосрдно се бореа во текот на целиот натпревар. Тоа кулминираше откако Андерсен го турна Нуњез, а овој потоа го дри со главата во пределот на носот. Нуњез доби црвен, а Андерсен жолт картон.

Андерсон ги повика и Инстаграм и Премиер лигата да „направат нешто“.

Треба да знаете
Последни објави