Search

Романска надежна кошаркарка починала на денот кога наполни 18 години

Трагичната вест доаѓа од Романија, каде згаснал животот на млада кошаркарка. Големата кошаркарска надеж на земјата, Алесија Марија Рајчу, е пронајдена мртва на денот кога наполни 18 години во својот дом. Според тамошните медиуми Алесија е пронајдена без знаци на живот. На нејзинот тело немало никакви траги на насилство. Телото е предадено на Националниот институт за судска медицина да се изврши обдукција која треба да даде одговор кои се причините поради кои настапила смртта.

Според романските медиуми младата кошаркарка немала заболувања од кои така брзо и ненадејно го загубила животот. Поради целиот случај е отворено посебно досие во канцеларијата за сомнителни смртни случаи на романската полиција за да се расветлат околностите како настапила смртта.

-Животот на кошаркарката со голема перспектива заврши предвреме… Еден од најталентираните спортисти од генерацијата 2004 повеќе не е меѓу нас. Алесија Марија Раициу почина на денот кога наполни 18 години.Почивај во мир Алесија – објави на Фејсбук Романскиот кошаркарски сојуз.

Треба да знаете
Последни објави