Search

РФМ најави премија од 700.000 денари за „златните“ кадети од Летонија

Претседателот на ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов приреди прием за  машката кадетска репрезентнација која пред два дена го освоија ЕХФ шампионатот кој се одржа во Рига. За овој успех македонските ракометни надежи добија ветување од првиот човек на мак-ракометот Мукаетов дека ќе бидат нагредени со 700.000 денари.

Македонија во финалето ја совлада Швајцарија со 24:22, а во групата ги среди соодветните селекции на домаќинот Летонија, Турција и Косово и во полуфиналето Луксембург.

Со освоеното прво место на шампионатот, Македонија директно се пласираше на младинското ЕП во 2024 година и кадетското СП 2023 година.

-Голема чест, голема работа, горди сме на вас, ви претстои светла иднина, но многу треба да работите, заедно да градиме успех, ова е светска работа и многу сум благодарен… Ние сме тука за вас да работиме како федерација, да градиме успешна приказна. Ракометот е спорт број 1 во Македонија и да продолжиме да работиме заедно. Ќе побара од УО на РФМ, ракометарите да бидат наградени со 700.000 дена, кажа Мукаетов.

 

Треба да знаете
Последни објави