Search

Елмас: Многу искусни играчи го напуштија Наполи, одговорноста за висок пласман ни ја оставија на нас

Италијанскиот фудбалски калчолигаш Наполи за кого настапува македонскиот репрезентативец Елиф Елмас победнички тргна во новата сезона од Серија А. На гостувањето кај Верона славеше со 5:2, а Елмас од клупата за резерви доби шанса да одигра 25 минути од мечот.

Наполи во новата сезона со реконструиран тим, има исти амбиции да се пласира при врвот во Серија А. Играчите кои важеа за столб на тимот како Калиду Кулибали, Лоренцо Инсиње и Дрис Мертенс си заминаа, а на пат да си оди е и Фабијан Руиз кој е пред потпис со ПСЖ. Тоа се четворица клучни играчи, па многумина го отпишаа Наполи и од битката за место во топ 4, а не па од таа за „скудето“.

-Нормално е да има промени, многу големи играчи си заминаа кои беа тука со години. Тие заминаа и нас ни ја оставија одговорноста. Веќе од самиот почеток се чувствува таа одговорност, почнувајќи од новиот капитен Ди Лоренцо. Тука се и новите играчи кои ќе ни помогнат да имаме уште една добра сезона. Минатата беше извонредна сезона, се надевам дека и оваа ќе биде одлична, изјави Елмас.

 

Треба да знаете
Последни објави