Search

Фронтменот на „Металика“ се разведува по 25 години брак

Фронтменот на култниот бенд „Металика“, Џејмс Хетфилд, се разведува од сопругата Франческа Хетфилд со која е во брак 25 години.

Според некои американски медиуми, барањето за развод го поднел претходно оваа година.

Џејмс и Франческа се венчаа на 17 август 1997 година, по петгодишна врска, а музичарот често потенцираше дека неговата сопруга била негова најголема поддршка во тешките моменти, вклучувајќи ги и битките со зависноста. Заедно имаат три деца.

Во поткаст во 2016 година, тој откри дека сопругата еднаш го избркала од куќата поради неговата зависност.

„Мојата сопруга ја направи вистинската работа, ме избрка од дома и тоа ме исплаши до смрт. Таа рече: не е доволно да одиш само кај терапевт да зборуваш за ова, туку мора да одиш некаде и да се справиш со ова с*ање. Така и направив“, рече тој.

Музичарот сè уште не ги коментирал написите за наводниот развод.

Треба да знаете
Последни објави