Search

Теодосиќ бил избркан од српската репрезентација поради – ненавремено легнување!?

После 15 години Милош Теодосиќ завчера беше отпишан од репрезентацијата на Србија затоа што не доби повик од Светислав Пешиќ за претстојното Европско првенство.

Српски „Курир“ сега објавува детали зошто Теодосиќ е изоставен. Наводно тој е пречкртан затоа што не ја почитувал сатницата за спиење и не легнувал во времето кое е предвидено за одмор.Се наведува дека одлуката не била донесена еднострано од Пешиќ, туку тој прво се консултирал со своите соработници од струшниот штаб, па му соопштил на Теодосиќ дека нема да смета на него.

Пешиќ цврсто стоел на ставот дека Теодосиќ како капитен е првиот кој треба да биде пример и дека без оглед на статусот нема да има попуст за никого кога во прашање е дисциплината.На сето тоа „Курир“ додава и дека од спортски аспект се појавил проблем затоа што Василије Мициќ кој е МВП во Евроглигата не функционирал најдобро на теренот со Теодосиќ, тоа било забележано и на олимпискиот турнир во Белград.
Треба да знаете
Последни објави